Македонската фудбалска репрезентација до 17 години го декласира Гибралтар со 9-0, а Чешка ни направи услуга со триумф од 7-1 против Унгарија, за пласман во втора фаза од квалификациите за Европското првенство (ЕП).
Пред денешните натпревари имаше неколку калкулации за тоа како може Македонија да се избори за втора фаза, а една од нив беше што е можно поголема победа против Гибралтар и токму тоа им успеа на македонските надежи кои уште во првото полувреме со четири погодоци ја најавија големата победа.
Папалиски во 23. минута погоди за 1-0, по што стрелаа Љачка и Михајловски за на крајот Папалиски со вториот погодок да зголеми на 4-0 во финнишот на првото полувреме.
Македонија беше одлична и во второто полувреме, кога Папалиски го комплетира хет-трикот, а стрелаа и Цветковски, Џангаровски (два пати) и Мамути.
Надежите со оваа победа го освоија второто место во групата, веднаш пред Унгарија која имаше полоша гол-разлика од нас.