Младата фудбалска репрезентација на Македонија до 16 години со пораз го отвори учеството на развојниот турнир кој се одржува во Подгорица, Црна Гора.
Избраниците на селекторот Драган Начевски настапија храбро, но недостигот од реализација и малку спортска среќа резултираа со пораз од 2:0 против селекцијата на Србија.
Иако резултатот оди во корист на противникот, нашите млади надежи покажаа борбеност и создадоа неколку зрели шанси за погодок. Два пати дирекот го спаси српскиот голман по ударите на Амети и Лука Георгиевски, додека одлични прилики пропуштија и Петковски, Ракипи и Исламовиќ.
Следен предизвик за македонските кадети е натпреварот против Словачка, кој е закажан за петок.
Македонија до 16 години: Даријан Денковски, Филип Цветковски, Давор Јорданов, Анес Бајрами, Грегоријан Михајловски, Фадил Исламовиќ, Горјан Петковски, Андреј Цветковски, Сонер Ракипи, Лука Кнежевиќ, Васко Папалиски;
Ринор Цека, Амин Суловиќ, Игор Вргов, Коста Бошковски, Аријан Рамадани, Лука Јаснин Ѓоргиев, Вулмет Амети, Лука Ѓоргиевски, Мелдин Аломеровиќ, Марко Мирчевски;