Фудбалери на Гостивар заработија кривични пријави!

by Стефан
1 минути читање

Тројца фудбалери и еден член на стручниот штаб на фудбалскиот клуб Гостивар заработија кривични пријави поради напад и спречување на полициски службеници при вршење на службени дејствија, информира СВР Охрид.

Инцидентот се случил на 19 април во Струга, по завршувањето на натпреварот меѓу екипите на Струга и Гостивар. Според полицијата, при интервенција поради нарушен јавен ред и тепачка, четворицата пријавени со агресивно однесување, влечење и оттурнување, се обиделе да ги попречат полицајците во извршувањето на нивната работа.

Како што соопшти портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски, со кривични пријави се соочуваат А.А. (31) од Германија, А.Д. (25) од Сенегал, Ш.Т. (25) од Турција и Е.Д. (28) од Гостивар. Сите тие биле приведени веднаш по завршувањето на натпреварот.

Против нив се поднесени пријави за две кривични дела, „спречување на службено лице во вршење службено дејствие“ и „напад врз службено лице при вршење работи на безбедноста“.

Случајот е предаден на надлежното обвинителство.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2025 – Сите права задржани