Фудбалер на Вардар носеше копачки со Мини Маус, ама истите не му донесоа среќа… (ФОТО)

by
1 минути читање

Вардар синоќа со реми од
1-1 на домашен терен против Розенборг ја заврши својата авантура во
дебитантската сезона од Лига Европа, истата ја заврши со учинок од пет порази и
едно реми кое донесе награда од 120.000 евра.

Интересен момент уловија
фоторепортерите од синоќешниот меч на „Филип Втори“ арената во Скопје, а во
фокусот на вниманието за момент се најде Тигран Барсегјан, кој носеше копачки
со ликот на „Дизни“, Мини Маус.

Истите за жал не му
донесоа среќа, токму Ерменецот беше трагичарот кој во финишот од првото
полувреме му „подари“ шанса што не се пропушта на норвешкиот првак, ја врати
топката на својата половина, тоа го направи лошо, на истата налета Нигериецот
Адегбенро кој потоа беше „соборен“ од Гачевски и изнуди пенал кој во гол го
реализираше Бендтнер.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани