Англиската репрезентација со убедливи 3-0 ја совлада Костарика во последната проверка пред почетокот на Светското првенство, испраќајќи јасна порака дека подготвено го дочекува најголемиот фудбалски настан.
„Гордиот Албион“ доминираше на теренот и без поголеми проблеми стигна до триумф против селекцијата од Централна Америка, но натпреварот го одбележа еден необичен момент од првото полувреме.
Во центарот на вниманието се најде Нони Мадуеке, кој пропушти неверојатна можност да се запише меѓу стрелците. Англискиот офанзивец најпрво со одличен потег го надмудри противничкиот голман, но наместо да ја испрати топката во празната мрежа, ја погоди стативата, по што таа заврши надвор од теренот.
Tuchel’s reaction after that Madueke miss 😭 pic.twitter.com/JISg4nhSol
— Meech (@MeechSomto) June 11, 2026
Промашувањето веднаш предизвика бројни реакции кај англиските навивачи и медиуми, а камерите ја уловија и реакцијата на селекторот Томас Тухел.