Фудбал за гурмани на Монжуик: Четири гола во прво полувреме – кој од кој поубав! (ВИДЕО)

by riste
1 минути читање

Спектакуларни 45 минути на дуелот меѓу Интер и Барса, гостите водеа со 2-0, домаќините израмнија на 2-2, а головите беа посебна приказна.

Интер имаше неверојатно отворање на мечот, Турам погоди со пета по само 30 секунди игра.

20 минути подоцна следуваше супер погодок на Думфрис со кој го зголеми водството на 2-0.

Потоа дојде период на Барса кој го најави Ламин Јамал со маестрален погодок. Тоа се случи во 23. минута од натпреварот.

Во 38. минута перфектна акција на Барселона, асистенција на Рафиња со глава и завршница на Торес за 2-2.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2025 – Сите права задржани