Францускиот претседател „лобира“ Мбапе да остане во ПСЖ

by
1 минути читање

Францускиот
претседател Емануел Макрон јавно порача дека посакува Килијан Мбапе да остане
во редовите на ПСЖ, бидејќи тоа не е добро само за клубот, туку и општо за
француската лига.

Макрон го посети
националниот тим на „Триколорите“, а на фудбалерите им посака среќа за
претстојното Европско првенство каде се едни од главните фаворити.

Сакам
фудбалерите да се фокусираат на Европското првенство, нема да зборувам за
иднината на фудбалерите
“ рече Макрон во изјавата за „БФМ ТВ“, но потоа јавно ја
откри својата желба за Мбапе.

ПСЖ е голем
клуб, клуб кој добро знае како да учествува во развојот на фудбалерите, а со
самото тоа важно е тој да остане во ПСЖ, тоа не е важно само за клубот, туку и
општо за француската лига
“ додаде претседателот на Франција.

Не сакам да
ставам притисок на оваа тема, тоа се сепак лични одлуки, а јас ги почитувам
истите
“ заклучи Макрон.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×