Фрајбург ја победи Селта и во Шпанија за пласман во полуфинале! (ВИДЕО)

by riste
1 минути читање

Фрајбург буквално ја прегази Селта за место меѓу четирите најдобри екипи во Лига Европа, денеска германскиот тим победи со 3-1 и со вкупни 6-1 продолжува понатаму.

На првиот меч кој се играше во Германија, Фрајбург победи со 3-0, па вечерва влезе како голем фаворит кај Селта.

Не само што ја сочува предноста, туку тоа го направи со стил, уште еднаш го тресна противникот, овојпат на негов терен.

Со голови на Матановиќ и Сузики, Фрајбург уште во првото полувреме водеше со 2-0 и ги разреши сите дилеми за патникот во полуфиналето.

По пет минути игра во второто полувреме Сузуки даде уште еден гол за водство од 3-0. А Селта во судиското продолжение постигна почесен гол во овој дуел за конечни 1-3.

Фрајбург во полуфиналето ќе игра со подобриот од дуелот меѓу Брага и Бетис.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×