(ФОТО) На Балотели не му бил дозволен влез на тренинг, Марио иронично: Пак пишете дека не доаѓам на тренинг

by
0 минути читање

Војната меѓу Бреша и Балотели продолжува, овој пат клубот не му дозволи на Марио да влезе во тренинг центарот.

Балотели стигнал до влезната врата од тренинг центарот, но чуварот не го пуштил да влезе па напаѓачот морал да си замине дома.

На идење накај дома на новинарите кои биле таму Балотели им се обратил: „Сега пак пишете дека не доаѓам на тренинг“.

Од Бреша се правдаат дека Балотели имал земено боледување кое му траело и денес, па затоа не добил дозвола да влезе.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×