Џејдон Санчо има метеорски скок во кариерата откако во август 2017 го напушти Етихад и се пресели на Сигнал Идуна Парк во потрага по поголема минутажа.
Тој оваа сезона блесна во Бундеслигата, стана првотимец на „милионерите“ а со тоа и пазарната вредност енормно му се зголеми, или речиси 80 милиони евра за три месеци, а со добрите настапи си обезбеди и место во сениорскиот состав на Англија.
Фил Фоден сепак одби да го следи чекорите на својот врсник и патот до голема фудбалска ѕвезда ќе го бара во Манчестер Сити. Младиот Англичанец беше желба на Борусија Дортмунд и уште неколку други клубови, но реши да стави потпис на нов договор со „Граѓаните“ и да се обврзе до 2024.
Фил Фоден, кој важеше за поголем талент од Џејдон Санчо во школата на Манчестер Сити, има ограничена минутажа и прашање е колку може да се наметне во овој состав на Пеп Гвардиола преполн со скапо платени ѕвезди, па останува да се види како ќе се развива неговата кариера и дали ова ќе биде прав потег.