170
Англија ја
оправда фаворитската улога во дуелот против Исланд и славеше убедлива победа со
4-0, со што заврши претпоследна на табелата во групата „2“ од дивизијата „А“
каде прва заврши Белгија, а втора Данска, претпоследен беше токму Исланд.
За Англичаните се
чини дека нема дилеми во однос на тоа кој беше најдобар во составот на Герет
Саутгејт синоќа на „Вембли“, многумина го посочија Фил Фоден кој ги постигна
последните два гола, а претходно запиша асистенција во водечкиот гол, дело на
Рајс.
Фоден дефинитивно
во голема мера беше расположен за игра, а Англичаните „збудалеа“ на социјалните
мрежи по овој потег на младата ѕвезда на Манчестер Сити…