217
Продолжуваат
„бомбите“ за Флорентино Перез, весникот „Ел конфиденсиал“ денеска објави нови
снимки на кои претседателот на Реал Мадрид кажува навреди за Гути и Луис Фиго.
„Шокиран сум како
Калдерсон се излажа со Гути, па тој одигра само два добри меча. Гути е морон.
Тој е како коза, самиот себе си е најголем непријател“ – вели Флорентино Перез
во една од снимките.
Во втората снимка
која беше објавена денеска, Флорентино Перез „плука“ по Луис Фиго но имаше и
убави зборови за Зинедин Зидан.
„Фиго е тој кој ја
уништи екипата. Најдобар беше Зидан, нема сомнежи. Фиго беше курвин син, исто
како и Раул. Двајцата беа најлоши за тимот“ – раскажува првиот човек на Реал.