Флик веќе е во Барселона, ќе потпише со ниска плата и високи бонуси

by bojan
1 минути читање
Флик

Голем број на извори пренесуваат дека Ханси Флик веќе е во Барселона и наскоро ќе стави потпис на договорот со „каталонците“.

По одлуката да се разделат со Чави, Жоан Лапорта и неговите соработници решија да го именуваат Ханси Флик за нов тренер.

Голем број на извори пренесуваат дека германскиот стратег, во придружба на својот агент Пини Захави, веќе е во Барселона.

Па сега само прашање на време е кога ќе бидат потпишани документите и кога ќе пристигне официјална потврда.

Како што пренесува АС, Ханси Флик прифатил ниска плата и примања од околу 3 милиони евра сезона, но ќе има високи бонуси, 750.000 евра за триумфа во Ла Лига, и околу 1 милиони евра за триумф во Лига на шампиони.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани