Флик: Спектакуларно финале и совршена ноќ за Барселона

by 24 фудбал
1 минути читање

Барселона го освои вториот трофеј во сезоната и третпат го победи Реал Мадрид (3-2), овојпат во финалето на Купот на кралот.

Тренерот на Барселона, Ханси Флик, по мечот едвај ги криеше емоциите. Германецот беше пресреќен за начинот на кој неговите избраници го издржаа притисокот против вечниот ривал.

Многу се боревме. Секоја чест за сите мои фудбалери. Видовме навистина спектакуларен меч помеѓу два фантастични тима. Пресреќен сум и горд што останавме цврсти до крај. Кога ја видов прославата на теренот, беше неверојатно. Среќен сум за сите нив. Во второто полувреме Реал одигра одлично, Кунде спаси две големи шанси и потоа ја реши работата во продолженијата. Нашиот позитивен дух не водеше цело време. Навистина совршена ноќ.“, рече Флик.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2025 – Сите права задржани