Барселона приреди голем кам-бек и од 0-2 успеа да израмни на 3-3 против Интер во првиот полуфинален дуел од Лигата на шампионите. Сега сè ќе се решава во реваншот на „Џузепе Меаца“, кој Ханси Флик го опиша како „финале пред финалето“.
„Лошо влеговме во натпреварот, дозволивме два гола, но потоа покажавме карактер. Мораме да бидеме поцврсти во дефанзива, Интер знае како да ги казни грешките. Искусна екипа се, добро ги користеа прекините. Ова е Лига на шампиони, тука остануваат само најдобрите“, рече стратегот на Барса.
Флик посебно го истакна Јамал, кој со прекрасен гол за 1-2 ја разбуди Барса:
„Јамал ни даде сигнал за камбек, неговиот гол беше клучен. Не чека уште еден натпревар, мора да победиме. Во Милано не очекува меч кој за нас е како финале. Имаме 90 минути за да се избориме за настап во борбата за трофејот.“
Дуелот на „Монжиук“ донесе вистинска драма, а слично се очекува и во реваншот. И во другото полуфинале сè е отворено, ПСЖ има само гол предност против Арсенал пред пресметката во Лондон.