ФК Овче Поле слави 100 години постоење, големиот јублеј ќе биде прославен со посебен натпревар!

by riste
0 минути читање

ФК Овче Поле е еден од најстарите македонски клубови, а роденденот ќе го прослави со посебен ветерански натпревар на кој противник ќе им биде друг клуб кој неодамна прослави век постоење, ФК Брегалница.

Натпреварот меѓу ветераните на Овче Поле и Брегалница ќе се одигра во недела на Градскиот стадион во Свети Николе со почеток од 14 часот.

ФК Овче Поле се натпреварува во Трета лига Исток, но има амбиција во иднина да се качи и ранг погоре.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×