ФК Брегалница доби нов сопственик

by
1 минути читање

Брегалница Штип не е веќе во сопственот на градот, управувачкиот пакет на акции го купи бизнисменот Кирил Гогов.

„Ја информирам јавноста дека продажбата е успешно заврешена. Ние после седницата на Совет на Општина Штип имавме јавен повик на којшто баравме да ги видеме сите заинтерсирани субјекти коишто ќе сакаат да влезат под тие услови и да бидат сопственици на ФК „Брегалница 2008“ со поддршка од Општина Штип. На тој јавен повик имавме еден заинтерсиран наш сограѓанин, а тоа е Кирил Гогов“, изјави градоначлникот на Штип, Благој Бочварски.

Брегалница Штип во престојната сезона ќе се натпреварува во втората лига исток, а целта е враќање во елитата.

„Оваа сезона ќе биде цел на ФК „Брегалница 2008“ враќање во првата фудбалска лига, кадешто на Брегалница како наш голем бренд и е местото, меѓу најдобрите“ – изјави новиот сопственик Кирил Гогов.

Тој е сопственик и на Кит Го од Пехчево кој исто така се натпреварува во втората лига исток. Некои посочуваат дека тука би можело да има и судир на интереси. Два клуба со ист сопственик во иста лига е нешто што не смее да се случува поради регуларноста на првенството.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани