Фирпо за Куман: Некои работи со него не ги разбирав, имаше непочитување кон мене, но и соиграчите

by
1 минути читање

Бекот на англиски
Лидс, како и екс член на Барселона, Жуниор Фирпо не е среќен со начинот на
третман кон него од страна на поранешниот тренер на Каталонците, Роналд Куман,
за што тврди дека Холанѓанецот наводно се сомневал во тоа дека имал лошо
влијание во соблекувалната.

Дојдов до едно
ниво каде го загубив ентузијазмот за фудбалот, но и го разбрав значењето на
семејството
“ рече Фирпо за „Кадена СЕР“.

Постоеа некои
работи со Куман кои не успеав да ги разберам, а на некој начин постоеше
одредено непочитување кон мене, но и моите соиграчи, не разбирам зошто, но по
еден натпревар го запрашав за мојата ситуација во тимот, а тој почна да ме
лаже, од таа гледна точка се запрашав зошто понатаму би го прашувал? Тој ми
рече некои работи кои немаат никаква логика, како на пример дека тренирам лошо,
но и дека сум ја заразил групата
додаде Бразилецот.

Навистина не
успеав да разберам што сакаше да ми каже со тоа дека сум ја заразил групата,
претпоставувам дека мислење на мојот однос, не знам како едно младо момче кое
само што пристигнало во една група може истата да ја зарази, група која освоила
се
“ подвлече Фирпо.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×