760
„Виолетовите“ утрово брифираа дека сите тестови извршени врз Моизе Кин биле негативни, напаѓачот веќе ја напуштил болницата во Верона и се вратил во Фиренца.
На сите во Фиорентина им се вратија лошите спомени со Едуардо Бове, откако на синоќешното гостување на „Бентегоди“, Моизе Кин се струполи на теренот.
Напаѓачот остана без свест како последица на дуелот кој го имаше со двајца противници, кога доби удар во главата и раскрварена аркада.
Па на носилки беше изнесен од теренот и веднаш префрлен во болница на прегледи и опсервација.
„Виолетовите“ утрово брифираа дека сите тестови биле негативни, па Моизе Кин ја напуштил болницата во Верона и се вратил во Фиренца каде ќе продолжи да се опоравува.