Газета дело Спорт
денеска пренесе дека Јувентус тргнал во офанзива по потписот на Душан Влаховиќ,
„старата дама“ на маса ставила 35 милиони евра, плус услугите на Дејан
Кулушевски (кого го проценуваат на 35 милиони евра).
Сепак, од таборот
на „виолетовите“ ги демантираат ваквите написи. Во разговор со ТГ Раи Тоскана,
директорот Џо Бароне рече: „Не сме добиле понуда од Јувентус за услугите на
Влаховиќ. Не знаеме какви се неговите намери, но порано или подоцна, ќе мора
да ни каже“.
Џо Бароне утрово
разговараше и со весникот Ла Национе, каде рече: „Неколку клубови од Англија
остварија контакт, но нема договор. Отворени сме за продажба. Им кажав на
агентите на Влаховиќ да бидат јасни и да ни пренесат што сакаат, но тие молчат. Во
вакви околности, не може да се договори трансфер“.