Фиорентина договори офанзивно засилување, се подготвува за заминување на Влаховиќ

by
0 минути читање

Фабрицио Романо информира дека Фиорентина и Лил се договориле за трансфер на Џонатан Иконе, останува уште договорот да биде потпишан.

Договорен е секој детал. Фиорентина ќе плати 15 милиони евра, плус 10 проценти од идната продажба.

Иконе ќе потпише петгодишен договор со виолетовите.

Фиорентина сака да ја задржи амбициозноста и покрај фактот што ќе го загуби Душан Влаховиќ кој сега е главен играч во тимот. Па ангажманот на Иконе треба да го ублажи тој удар.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани