Финска ја победи Данска во мечот кој беше во сенка на Ериксен (ВИДЕО)

by
1 минути читање

Данска имаше потполна доминација над Финска во текот на целот меч, но една контра на Финците го реши победникот на овој натпревар.

Данците напаѓаа од почетокот на мечот, а во финишот од првиот дел се случи момент кој предизвика шок на стадионот, Ериксен колабираше на теренот. Лекарите се бореа за неговиот живот и го спасија. Тој е во стабилна состојба во болница.

Натпреварот еден час беше во прекин, потоа продолжи. Данска повторно беше напаѓачки ориентирана, но по една контра Похјанпало погоди со глава за водство на Финска од 1-0.

Во 74. минута беше досуден пенал за Данска, Хојбјерг шутираше лошо, Храдецки го одбрани неговиот удар и го сочува водството на Финска.

До крајот на мечот се редеа нападите кон голот на Финците, но патот до мрежата не беше пронајден.

На крајот Финска славеше победа во својот деби настап на Европските првенства, Данска може да жали за поразот, но Данците се среќни што Кристијан Ериксен е жив, тоа беше најважно на овој меч.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×