По неколку дена интензивни шпекулации, Манчестер јунајтед потврди дека е постигнат договор со Реал Мадрид за трансфер на Касемиро. Бразилецот сега треба да пристигне во Англија на лекарски прегледи и да стави потпис на договорот.
Во прв момент се пишуваше за трансфер од 60 милиони евра, плус додатни 10 милиони евра во бонуси, но последните информации велат дека финалните бројки се повисоки.
Се говори за трансфер од 85 милиони евра сосе бонуси, АС пишува за зделка од 72 милиони евра, плус додатни 13 милиони евра во бонуси, додека пак Марка пренесува за операција од 70 милиони евра, плус додатни 15 милиони евра во бонуси.
Со вакви суми, Касемиро ќе биде втората најскапа продажба во историјата на Реал Мадрид, пред него е само трансферот на Кристијано Роналдо во Јувентус вреден околу 112 милиони евра.