165
Пандемијата со
коронавирусот го спречи Истанбул да биде домаќин на големото финале од Лигата
на шампионите две сезони по ред, меѓутоа од УЕФА и официјално потврдија дека во
2023 година токму турскиот град ќе биде домаќин на тој голем фудбалски настан.
Сево ова доаѓа
откако претходно турскиот министер за млади и спорт, Мехмет Касапоглу уште во
мај најави такво сценарио, кое сега и официјално го потврдија од УЕФА.
Според
распоредот, во претстојната нова сезона, финалето ќе се одигра во руски Санкт
Петербург, а по Истанбул, во 2024 година домаќин ќе биде Лондон во Англија, за
во 2025 година таа улога да ја има германски Минхен.