Финалето од Лигата на шампиони ќе се игра во Порто, Челси и Манчестер Сити ќе добијат по 6.000 билети

by
1 минути читање

Истанбул втора
година по ред остана без организација на завршницата од најелитното европско
натпреварување. Плановите беа пореметени откако Велика Британија ја стави
Турција на црвената листа поради големиот број на случаи на ковид-19.

УЕФА потоа
преговараше финалето да се игра во Англија, но откако не успеа да најде
заеднички јазик со владата на Велика Британија, попладнево пристигна соопштение
дека Порто ја добил организацијата.

Челси и Манчестер
Сити ќе ги одмерат силите на „Драгао“ стадионот на 29. мај. Двата клуба ќе
добијат по 6.000 билети а во следните денови ќе се дефинира точната бројка на
навивачи кои ќе присуствуваат на трибините, а со тоа и бројот на билети кои ќе
бидат пуштени во слободна продажба.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×