Фил Невил ја напушти Англија и замина на печалба во САД, потпиша за Интер Мајами

by
1 минути читање

Фил Невил денеска ја напушти женската репрезентација на Англија, стратегот реши да замине на печалба во САД и да потпише за Интер Мајами, каде ко-сопственик е Дејвид Бекам.

Детали од соработката не беа откриени, медиумите пишуваат дека двете страни си подале рака за двегодишен договор.

„Задоволен сум што ми се укажа прилика да бидам тренер на Интер Мајами. Се работи за млад клуб кој многу ветува. Ќе си поставам предизвик да направиме прогрес и да изградиме натпреварувачки дух на кој сите ќе бидеме горди“ – вели Фил Невил.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×