Најдобрата
македонска фудбалска репрезентација на најновото рангирање на ФИФА се најде на
66. место, а со тоа забележан е напредок од две позици, истото се должи на
победата против Ерменија, односно ремито против Грузија во воведните две кола
од новата сезона во Лигата на нации.
Позицијата 66 ја
делиме со Албанија и Саудиска Арабија кои имаат идентичен број бодови како и
нашата репрезентација, која со четирите освоени бода засега е на делба на
лидерската позиција во групата „2“ од лигата „Ц“ во Лигата на нации, заедно со
Грузија, во групата каде уште играат и Ерменија, односно Естонија.
Нашиот следен противник на програмата, во рамките на полуфиналната фаза од квалификациите за Европското првенство, поточно во баражот, Косово се наоѓа на 116. место, а дуелот со оваа репрезентација е предвиден да се одигра на 8. октомври.
Што се однесува
до топ петте репрезентации на врвот од ФИФА рангирањето, прва е Белгија, по што
следат Франција, Бразил, Англија и Португалија.
Фото-вест:
ffm.mk (архива)