ФФМ го поскапе влезот на стадион, најевтиниот билет за Швајцарија е 500 денари

by Стефан
1 минути читање

Фудбалската федерација на Македонија денеска ги објави цените на влезниците за натпреварот помеѓу Македонија и Швајцарија на 26 септември и тие со повисоки во однос на претходните натпревари.

Ако досега најевтиниот билет беше 300 денари, сега тој ќе се продава по 500 денари, а во зависност од местото на стадионот може да платите и 1.800 денари.

Исто така ќе има и ВИП билети кои ќе се продаваат по цена од 3.000 денари.

Билетите ќе можат да се купуваат преку платформата на ФФМ eticket.ffm.mk

Во рамки на септемврискиот циклус од Б групата на УЕФА Лигата на нации, македонската репрезентација ќе гостува и кај Словенија. Влезниците за натпреварот Словенија – Македонија, кој ќе се одигра на 29. септември на стадионот „Стожице“ во Љубљана, ќе бидат пуштени во продажба на 14. септември.

Наскоро ќе бидат објавени и официјалните информации за продажбата на билети за натпреварите Македонија – Шкотска (3. октомври) и Швајцарија – Македонија (6. октомври) во Луцерн.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×