ФФМ се пофали со нова „Пума“ топка за финалето на Купот и новата сезона!

by 24 фудбал
0 минути читање

Финалето од Купот на Македонија меѓу Вардар и Струга ќе донесе новитет и натпреварот ќе се игра со нова официјална топка од „Пума“.

Фудбалската федерација на Македонија информираше дека токму оваа топка ќе биде официјална не само за големото финале, туку и за целата наредна сезона во Првата македонска фудбалска лига.

До оваа промена доаѓа благодарение на претседателот на ФФМ, Масар Омерагиќ, како дел од новините што ги воведува новото раководство во федерацијата.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2025 – Сите права задржани