ФФМ потврди: Фудбалот се враќа престојниот викенд

by
1 минути читање

Поради стапувањето на сила на новиот протокол од Владата на Македонија според кој пред сите спортски натпревари мора да се направат тестови на играчите, и тоа на трошок на клубовите, минатиот викенд не се играа натпреварите.

Сега од ФФМ информираат дека во меѓувреме се услогласени условите за одигрување натпревари и фудбалот во Првата и Втората лига продолжува престојниот викенд. Во соопштението тие не нагласуваат дали ќе има тестирања или не.

„Претстојниот викенд продолжуваат натпреварите од МФЛ. Натпреварите првично беа закажани за 31. октомври и 1. ноември, но беа одложени со одлука на Комисијата за натпреварување во рамки на федерацијата поради измени на Протоколот за спроведување мерки за заштита од “Ковид 19”. Фудбалската федерација на Македонија ги усогласи условите за продолжување на натпреварувањата согласно препораките од Комисијата за здравство и според протокол кој е прифатлив за здравствените државни институции и согласно тоа, викендот ќе продолжат натпреварите од МФЛ. Како одговорно фудбалско тело изразуваме надеж дека тимовите ќе се однесуваат максимално сериозно и професионално во однос на почитување на мерките и препораките од здравствениот протокол во услови на организација на натпреварите во време на криза предизвикана од пандемијата ковид-19“, стои во соопштението на ФФМ:

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани