ФФМ отвори постапка против фудбалери на Кожуф за натпреварот со Башкими

by Стефан
1 минути читање

Фудбалската федерација на Македонија денеска соопшти дека е отворена дисциплинска постапка против осум членови на ФК Кожуф од Гевгелија, поради сомнежи поврзани со натпреварот против Башкими.

Како што информираат од ФФМ, постапката е резултат на доставената документација и писмените изјаснувања од засегнатите фудбалери, тренери и останати службени лица на клубот, како и од официјалните лица ангажирани на натпреварот – судиите, делегатот, контролорот на судии и комесарот за безбедност.

Дисциплинската комисија отвора постапка против: С. Г., П. Г., Б. К., Б. Д., Ј. П., К. С., Н. С. и Ф. К. – сите од редовите на клубот од Гевгелија.

Во доставените изјави, некои од фудбалерите посочиле конкретни лица од клубот кои, според нив, давале насоки или наредби поврзани со резултатот од натпреварот.

ФФМ не ја исклучува можноста истрагата да добие и пошироки размери.

„Истакнуваме дека во оваа фаза постапката е насочена кон наведените лица и субјекти, но истата може да биде проширена, доколку понатамошниот тек на процесот донесе нови сознанија или докази што упатуваат на инволвираност на други страни“, се вели во официјалното соопштение од федерацијата.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2025 – Сите права задржани

×