ФФМ ја одреди цената на влезниците за натпреварот со Летонија во Скопје

by Стефан
1 минути читање

Фудбалската федерација на Македонија денеска ги објави цените на билетите за контролниот натпревар меѓу Македонија и Летонија, кој ќе се одигра на 13 ноември во Скопје.

Овој натпреар ќе послужи како генерална проба за избраниците на Благоја Милевски пред последниот квалификациски меч за Светското првенство против Велс во Кардиф.

Во продажба ќе бидат пуштени само северната и јужната трибина на арената „Тодор Проески“, а цената на билетите изнесува 300 денари за север и 200 денари за југ.

Како и на претходните домашни натпревари, влезот ќе биде бесплатен за младите фудбалери кои ќе бидат придружувани од своите тренери, членови на Детската лига, фудбалските школи од регионалните лиги, како и за сите млади категории во клубовите што се натпреваруваат под капата на ФФМ (пионери, помлади пионери, кадети и младинци).

Дополнително, ФФМ информира дека билетите за квалификацискиот натпревар на репрезентацијата до 21 година против Полска, кој ќе се одигра на 18 ноември на стадионот „Петар Милошевски“ во Битола, ќе чинат 200 денари.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×