133
Во координација со Министерството за внатрешни работи, Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) ја промени локацијата на бараж натпреварот меѓу Беса 1976 и Башкими 1947 за влез во Првата лига.
Наместо на првично предвидената локација и теренот на „Чаир“, дуелот ќе се игра во Кавадарци, на „Градскиот стадион“ во недела (25 мај) со почеток од 17:00 часот.
Од ФФМ информираат дека ваквата одлука е донесена по итен состанок со претставници на МВР, со цел натпреварот да се организира во најдобри безбедносни услови.
Федерацијата им се заблагодари на институциите за соработката и ги повика сите навивачи на фер и коректно однесување на трибините.