ФФМ и фудбалската репрезентација добија нов партнер – Државна видеолотарија!

by
1 минути читање

Државна видеолотарија ќе биде нов партнер на најдоброто од македонскиот фудбал, токму пред историскиот настап на Европското првенство ова лето, но и со визија за нови историски успеси.

„Со пласманот на Европското првенство, нашите најдобри фудбалери постигнаа историски подвиг, каков што сонуваме веќе три децении од нашето самостојно постоење, а Државна видеолотарија нема да пропушти да пружи внимание какво што овој вреден резултат заслужува. За нас ова претставува огромен предизвик, многу сме среќни што имаме шанса да бидеме дел од оваа убава спортска историја. Нашата компанија веќе шест години покажува дека дава поддршка на сите спортски лица, екипи кои постигнуваат значајни резултати.  Освен ова партнерство, ние имаме соработка со Горан Пандев, тој е нашето заштитно лице, со селекторот на ракометната репрезентација на Македонија, Кире Лазаров, ја поддржуваме и кошарката, Едина Муса е една од нашите заштини лица како и автомобилистот Игор Иџе Стефановски. За нас спортот е важен и поради тоа сакаме да кеираме стимул за нашите спортисти за да постигнат големи резултати“, изјави Вики Чадиковски, директор на Маркетинг во Државна видеолотарија.

За пружената рака и за новото партнерство се заблагодари Данчо Масев, директоротна македонската репрезентација.

„Поздрав од името на македонската репрезентација и ФФМ, мене ми е драго што „Куќата на фудбалот“ добива нов партнер. Секогаш е убаво кога имате поддржувачи од нова страна. Благодараност од ВЛТ за пружената рака и се надевам дека ќе делиме успешни моменти. Вие покажавте колку за вас е важен спортот, со ова вие станувате дел од нашето фудбалско семејство. Посебна благодарност до господинот Аднан Шариќ кој ќе биде наш голем поддржувач во престојните предизвици“, изјави Масев.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани