Поранешниот претседател на Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) е пуштен да се брани од слобода откако дал гаранција од 500.000 евра.
Илчо Ѓорѓиоски е пуштен од ефективен притвор, на слобода ќе го чека судскиот процес.
Поранешниот претседател на ФФМ гарантирал со имот во вредност од 500.000 евра. Судот му определил мерки на претпазливост, му го одземал пасошот и ќе мора да се пријавува во судот.
Поранешниот прв човек на ФФМ е меѓу лицата опфатени во постапката за финансиски малверзации, а за наводите против него допрва треба да се произнесе надлежниот суд.
Со оваа одлука, Ѓорѓиоски се приклучува кон поранешниот претседател на ФФМ, Муамед Сејдини, кој исто така е пуштен да се брани од слобода, откако понудил гаранција од еден милион евра.
Притворот е укинат и за уште двајца – Томислав Младеновски и Ѓоко Чубриновски, за кои исто така се определени гаранции и мерки на претпазливост.