По само 19 минути игра на мечот меѓу Манчестер јунајтед и Башакшехир, Бруно Фернандеш постигна два гола.
Во 35. минута по фаул врз Рашфорд беше досуден пенал за Манчестер јунајтед. Кога сите очекуваа Бруно Фернандеш да шутира и да постигне хет-трик, тој му ја даде топката на Рашфорд.
„Се разбира дека секој играч сака да постигне хет-трик, но по натпреварот во Премиерлигата, му реков на Рашфорд дека следниот пенал ќе го шутира тој“, открива Фернандеш.
„Кога го добивме пеналот ми текна на тоа, плус тој е еден од најдобрите стрелци во Лигата на шампионите и си помислив дека е важно за него да постигне гол и да ја одржи самодовербата“.
„Не е важно кој ги изведува пеналите, најважно е да се постигнуваат голови“.