Јасно е дека
притисокот врз шефот на стручниот штаб на Манчестер јунајтед, Оле Гунар Солшер
расте се’ повеќе и повеќе од
ден во ден, а се чини дека елиминацијата во Лигата на шампионите уште во
групната фаза за момент ја прели чашата.
Од самото доаѓање
во редовите на „Црвените ѓаволи“, Бруно Фернандеш се издвои од останатите и
стана мошне важен дел од составот на Манчестер јунајтед, а се чини дека
Португалецот ги загуби нервите по поразот од Лајпциг кој беше кобен за нив.
„Ова не беше
доволно добро од наша страна“ напиша Португалецот на социјалните мрежи.
„Ние едноставно
мораме да прикажеме подобри перформанси играјќи во дресот на еден ваков голем
клуб, особено кога станува збор за Лигата на шампионите и дуелите во тоа
натпреварување со големите екипи“ додаде тој.
Коментарите на
Фернандеш доаѓаат по бројните шпекулации дека фудбалерите на Манчестер јунајтед
немаат голема доверба во Солшер околу неговото размислување за тактичките
варијанти кои ги користи за натпреварите, за што се верува дека е една од
главните причини за формата топло-ладно на „Црвените ѓаволи“.
Во 18 одиграни
меча во новата сезона, Солшер ниту еднаш не врза два меча со ист состав, во
меѓувреме, со коментар за поразот од Лајпциг се јави и капитенот Хари Мегваер
кој постојано е на мета на критики за своите очајни изданија.
„Треба сега да си
заминеме дома и да се погледнеме самите себе си, ова не е доволно за еден ваков
клуб, разочарани сме, а секако и фрустрирани“ рече Мегваер.