„Ѓаволите“ се во потрага на нов тренер откако Оле Гунар Солсшер заработи отказ, поразот од Вотфорд ја прели чашата и раководството на клубот реши да се раздели со Норвежанецот.
Низ медиумите кружат неколку имиња, според пишувањта на ТокСпорт, Сер Алекс Фергусон има свој фаворит и сака на клупата на Олд Трафорд да го види Маурисио Покетино.
Двајцата се има сретнато само еднаш на терените, во 2013 Манчестер јунајтед со 2-1 го совлада Саутемптон, а по финишот на натпреварот Ферги рече: „Морам да признам, Саутемптон во второто полувреме беше најдобриот тим кој играл тука оваа сезона. Одиграа навистина добро и имавме среќа што на крајот победивме“.
Синоќа неколку медиуми од „островото“ пренесоа дека Маурисио Покетино е заинтересиран за столчето на Олд Трафорд, па останува да се види дали Аргентинецот ќе се врати во Премиерлигата.