Фергусон го препорачал Анчелоти за тренер на Манчестер јунајтед?

by
1 минути читање

Искусниот
италијански фудбалски стратег Карло Анчелоти е помеѓу главните кандидати за
тренерската позиција во Манчестер јунајтед за идната сезона, а сето тоа доколку
си замине од Реал Мадрид, извести „ЕСПН“.

Клубот од „Олд
Трафорд“ се раздели со Оле Гунар Солшер лани во ноември, а на негово место како
привремено решение е Ралф Рангник, за кого останува да се утврди дали би
останал уште една сезона на таа позиција, меѓутоа шансите за такво сценарио се
минимални.

Блиски извори за
„ЕСПН“ од Манчестер јунајтед сепак тврдат дека поранешниот и легендарен тренер
на „Црвените ѓаволи“, Алекс Фергусон го препорачал Анчелоти за нов тренер.

Освен Анчелоти,
помеѓу главните кандидати се споменуваат уште Маурицио Покетино од ПСЖ, односно
Ерик тен Хаг од Ајакс.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани