Курт Зума е на
удар на јавноста во Велика Британија откако беа објавени видеа на кои се гледа
како дефанзивецот на Вест Хем брутално ја малтретира сопствената мчка.
Французинот ја фрли мачката на подот, потоа ја клоцна со сета села, па фрлаше кон
неа со чевел за на крајот да ја удри со рака.
„Чеканите“ го
казнија со максимални 250.000 фунти (две неделни плати), но Рио Фердинанд смета дека паричните
казни не им значат многу на денешните фудбалери.
„Зарем мислите
дека 250.000 фунти ќе им променат нешто на денешните фудбалери? Па тие се милионери.
Веројатно ќе почувствува нешто, но не доволно за добро да се подзамисли“ – вели
поранешниот фудбалер на Вест Хем и Манчестер јунајтед.
„Мислам дека
поголем ефект ќе има доколку пропушти некој натпревар. Тоа ќе влијае и врз
неговите соиграчи, целото окружување, позицијата на табелата“.
„Мислам дека
паричните казни не им значат многу на денешните фудбалери“.
Курт Зума настапи
на дуелот против Вотфорд и доби свирежи и од сопствените, и од противничките навивачи.
Дејвид Мојс сега
е под голем притисок да не го повика дефанзивецот за дуелот со Лестер во
недела.
Во меѓувреме, два
спонзори ја прекинаа соработката со Вест Хем бидејќи не се задоволни од тоа
како „чеканите“ се справија со целата ситуација.