Фердинанд откри што му пишал Роналдо откако го постигна голот во 95. минута

by
1 минути читање

По поразот од Јанг Бојс во првото коло, Манчестер јунајтед синоќа мораше да го победи Виљареал. Многу малку фалеше тоа да не се случи.

Благодарение на серијата одбрани на Де Геа во првото полувреме и голот на Роналдо во 95. минута, Манчестер јунајтед ја оствари целта.

Рио Фердинанд открива што му пишал Роналдо по мечот.

„Роналдо ми пиша вечерва, вели: „Не играв добро, но знаев дека ќе постигнам гол“, открива Фердинанд.

„Тоа е таа верба која тој ја има и од која се хранат и другите фудбалери во тимот“.

„Јунајтед вечерва не беше добар, не беше на нивото на кое Оле сака да бидат. Но кога ви треба гол, Кристијано Роналдо истапува“.

„Тој е тука за големи моменти, неговата статистика кажува се. Кога го имате Кристијано Роналдо во тимот другите играчи веруваат во победа бидејќи знаат дека ако дојде шанса тој ќе даде гол“.

„Тоа го релаксира тимот и коа ќе дојдете под голем притисок, кога часовникот отчукува, не паничите“.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×