Фердинанд: Фернандеш ќе му ги отстапи пеналите на Роналдо, но слободните удари…

by
1 минути читање

Кристијано
Роналдо се врати во старото јато, Португалецот повторно ќе биде дел од
Манчестер јунајтед, клуб каде главниот мотор на теренот е неговиот сонародник
Бруно Фернандеш, па за момент се постави дилемата околу тоа кој ќе ги изведува
пеналите во иднина, како и слободните удари.

Рио Фердинанд
речиси и да нема дилеми во својот став дека Роналдо ќе ја преземе одговорноста
која му беше укажана на Фернандеш во однос на пеналите, меѓутоа во однос на
слободните удари близу казнениот простор, тој очекува дека би требало да
останат за Фернандеш.

Роналдо ќе ги
преземе пеналите, тоа е 100%, тие се согласуваат на таа тема, да му се доверат
пеналите, меѓутоа за слободните удари близу казнениот простор не треба да има
дилеми, Бруно треба да е првиот изведувач на тие прекини
“ наведе Фердинанд.

Сметам дека
Бруно ќе се откаже од пеналите, но истото нема да го стори за слободните удари,
па и корнерите, речиси сигурен сум во тоа дека ќе продолжи да биде прв
изведувач на слободните удари близу казнениот простор на противниците
“ додаде
поранешниот дефанзивец на „Црвените ѓаволи“.

Верувам дека
Бруно ја гледа големата слика на целата оваа ситуација, а тоа е дека Роналдо
може може да ја донесе разликата, но и да го крене тимот на уште повисоко ниво,
а со самото тоа да придонесе во голема мера за освојување на трофеи
“ подвлече
Фердинанд.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×