Фенербахче му даде отказ и на Тедеско!

by riste
1 минути читање

Турскиот клуб за една сезона отпушти двајца големи тренери, овојпат настрада Доменико Тедеско кој доби отказ по убедливиот пораз од Галатасарај.

На почетокот од сезоната му дадоа отказ на Жозе Мурињо и го назначија Доменико Тедеско за негов наследник, а сега и тој остана без работа.

Отказот за Тедеско доаѓа по убедливиот пораз од Галатасарај по кој стана јасно кој ќе биде шампион во Турција.

Тимот во наредните натпревари до крајот од сезоната ќе го води асистентот Зеки Мурат Голе.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×