Фенербахче и Ајакс со една нога во осминафиналето од Лигата на Европа (ВИДЕО)

by Стефан
1 минути читање

Екипата на Фенербахче славеше сигурна победа од 3:0 над Андерлехт и така дојде пред пласман во осминафиналето од Лигата на Европа.

Водство за избраниците на Жозе Мурињо донесе Душан Тадиќ по 11 минути игра. Имаше и Андерлехт свои прилики, а кога не ги искористи Џеко пред крајот на првиот дел зголеми на 2:0.

Во второто полувреме Ел Несири постигна уште еден погодок за конечни 3:0.

Победа со која дојде блиску до осминафиналето денеска забележа и Ајакс кој беше подобар со 0:2 на гости кај Ројал Унион. Головите за холандскиот гигант ги постигнаа Расмусен и Мокио.

Во преостанатите две средби Ференцварош со 1:0 беше подобар од Викторија Плзен, додека Реал Сосиедад на гости кај Мјитиланд беше подобар со 1:2, па тука се очекува погоелма неизвесност во реваншите.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани