Фенербахче
пропушти да заработи одлична сума за само неколку месеци откако минатото лето гигантот
од Турција ја доби битката за фудбалскиот бисер на Македонија.
Елиф Елмас
потпиша за Фенербахче како слободен играч во септември, а на вратата на „Жолто-сините“
сега пристигнала понуда од 10 милиони евра од Лион.
Но клубот од „Шукру
Сарачоглу“ Стадионот не сакал да слушне за продажба, лидерите на Фенер веруваат
во квалитетите на Елиф Елмас, имаат големи очекувања од офанзивниот фудбалер од
средниот ред и сметаат дека во иднина ќе го продадат за уште повисока сума.
Медиумите од
Турција исто така пишуваат дека Фенербахче се уште нема одлучено што ќе прави
со Елиф Елмас во вториот дел од сезоната, дали Македонецот ќе остане или ќе
биде испратен на позајмица.
Во моментов сите
места за странци се пополнети, па доколку се направи простор, Елиф Елмас би
можел да добие шанса во „Жолто-синиот“ дрес во продолжението од сезоната.