Феликс преку инстаграм одговори на обвинувањата за повредата на Вајналдум (ФОТО)

by
1 минути читање

При дуел со Феликс, Вајнладум ја скрши десната нога и веројатно ќе го пропушти Светското првенство во Катар и првата половина од сезоната на Рома.

Не се знае каков бил стартот на Феликс, но според претходната реакција на Мурињо, а и сегашната на Феликс, тој сосема случајно го повредил својот соиграч.

„Пред да се посомневата, обидете се да прашате. Пред да дојдете до заклучок, обидете се да разјасните. Пред да судите, обидете се да ја дознаете целата приказна. Тешко е да победите личност која никогаш не се предава“, напиша Феликс.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани