Фазли се врати во Македонија Ѓорче Петров по цели 11 години

by
1 минути читање

По цели 11
години, 29 годишниот напаѓач Самир Фазли се врати во својот матичен клуб
Македонија Ѓорче Петров, и тоа како трето засилување за овој клуб изминатиов
период по Рсобсон да Силва и Изет Ајрулаху.

Фазли, кој инаку
има седум настапи за сениорскиот национален тим на Македонија, односно 22 за
тимот за фудбалери до 21 година каде постигна и седум погодоци, уште од летото
е слободен играч на трансфер пазарот по разделбата со Шкендија.

Во дресот на
Македонија Ѓорче Петров, Фазли постигна 13 погодоци на 47 натпревари во две
години, за во 2009 година да се пресели во Херенвен, играше и за Хелмонд, па во
Вил, односно Рудеш, по што следеше Шкендија.

Инаку составот
предводен од Жикица Тасевски полусезоната во најсилниот фудбалски шампионат во
нашата земја ја заврши на делба на второто место на табелата со 33 освоени
бода, колку што има и Шкупи, односно со шест бода заостанување зад лидерот
Шкендија.

Фото-вест:
ФК Македонија Ѓорче Петров 1932 (Facebook)

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани