Фавре: Ремизиравме само поради судијата, Милинковиќ-Савиќ симулираше како да се фрли во базен (ВИДЕО)

by
1 минути читање

Во Борусија
Дортмунд не се задоволни од начинот на делењето на правдата во синоќешниот меч
против Лацио на домашен терен кој заврши со поделба на бодовите и резултат 1-1
во конкуренцијата „Ф“ од Лигата на шампионите.

Шефот на
стручниот штаб на „Милионерите“, Лусиен Фавре не се штедеше на зборови во
критиките упатени до шпанскиот арбитар Лахоз, а токму во него го впери прстот
заради тоа што неговиот тим не дошол до победа.

Ние ремизиравме
само поради судијата кој досуди непостоечки пенал
“ изјави Фавре по мечот.

Секако дека тоа
беше симулирање за пенал, изгледаше како да се фрла во базен, ова е
неверојатно, не можам да поверувам дека тоа беше пенал
“ додаде Швајцарецот.

(пеналот на 0,37)

Во оваа
конкуренција по пет одиграни кола во Лигата на шампионите, Борусија Дортмунд со
десет бода е прва, следи Лацио со бод помалку, односно Бриж со седум и Зенит со
само еден освоен бод досега.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×