Фаворитите без мака во Купот на Македонија

by riste
1 минути читање

Денеска се одиграа четири натпревари од 1/16 финалето во фудбалскиот Куп на Македонија, денот мина без изненадувања.

Најубедлива беше екипата на Македонија Ѓорче Петров која со 14-0 го победи Велазерими.

Двоцифрен број на погодоци постигна и Струга која со убедливи 10-1 ја совлада Победа. Мрежата на домаќинот беше наполнета уште во првото полувреме кога примија седум голови.

Убедлив беше и Пелистер, битолскиот клуб со 6-1 победи кај Студеничани.

Висока победа запиша и Брера која со 7-0 го растури тимот на Венец Неготино.

Утре се игра мечот меѓу Овче Поле и Вардар.

Останатите десет мечеви се играат подоцна во септември и во октомври.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×