Фаворитите без грешка, победи за Ливерпул, Челси и Арсенал (ВИДЕО)

by
1 минути читање

Тоа најтешко го направи Челси кој го победи Лидс со 3-2 со погодок во судиското продолжение.

Рафиња во 28. минута му донесе водство на Лидс од 1-0, пред крајот на првото полувреме Маунт го изедначи резултатот на 1-1.

Во 58. минута Жоржињо реализираше пенал за комплетен пресврт и водство на Челси од 2-1, но Гелхард во 83. минута изедначи на 2-2.

Кога се чинеше дека мечот ќе заврши нерешено, Жоржињо од пенал во 94. минута погоди од пенал за победа од 3-2.

Интересно беше на Енфилд каде Стивен Џерард се врати, но како противнички тренер.

Ливерпул ја победи Астон Вила со 1-0 со гол на Салах од пенал во 67. минута.

Убедлив беше само Арсенал кој со 3-0 го совлада Саутемптон.

Лаказет и Одегард реализираа во првото полувреме, Габриел погоди во вториот дел.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×